Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2019 година, во споредба со март 2019 година, остана на исто ниво.
Индексот на цените на угостителските услуги во април 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,2 %.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари ꟷ април 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 2 %, додека во однос на декември 2018 година остана на исто ниво.