Цените на угостителските услуги во април, во однос на претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Исто така, цените на угостителските услуги во април останаа исти и во однос на истиот месец лани.
Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – април оваа година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,1%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,2%.