Непроменети цените на угостителските услуги во јануари

20

Цените на угостителските услуги во јануари 2021 година, во споредба со декември 2020 година, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3%, Алкохолни пијалаци за 0,7% и Безалкохолни пијалаци за 0,8%, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 1,6%.

Цените на угостителските услуги во јануари 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 0,5%.

Фото: Freepik