Германска компанија испечати прототип на мотор со помош на 3D печатач, којшто е целосно функционален. Nera моторот е дело на креативниот тим од NOWlab, одделот за иновации на BigRep.
Составен е од 15 печатени делови, вклучувајќи ги седиштето и гумите, коишто се безвоздушни, со дизајн што овозможува максимална потпора и цврстина. Рачките се лесни, но издржливи и овозможуваат лесно управување, пишува Inhabitat.
Уште една иновација е тоа што моторот наместо систем за суспензија има флексибилни браници. Nera го движи електричен погон, којшто се наоѓа во специјално изработена кутија.
Фото: NOWlab