Нервозата на светските берзи стивна – цените на нафтата го забавија растот

Азиските берзи денеска закрепнаа од остриот пад во четвртокот по неочекуваното подобрување на пазарното расположение на Волстрит во текот на ноќта, додека инвеститорите го разгледуваа долгорочното влијание на острите западни санкции врз Русија поради нејзината воена операција во Украина. Цените на нафтата го забавија растот, по вчерашниот скок од над 8,0 отсто по веста за руската воена интервенција во Украина.
Европската нафта од типот „брент“ за испорака во март (фјучерс договори) порасна за 2,85 отсто на 101,90 долари за барел во азиската трговија, додека американските фјучерси на сурова нафта WTI пораснаа за 2,84 отсто на 95,45 долари за барел, пренесува CNBC.

Цената на златото, кое е традиционално безбедно засолниште во време на неизвесност, зајакна за 0,57 отсто на 1.913,90 долари за унца, покажуваат најновите достапни податоци.

На берзите, Nikei 225 на Токиската берза порасна за 1,5 отсто, а јужнокорејскиот Kospi за 0,93 отсто.

Во континентална Кина, Шангајскиот композитен индекс закрепна 0,54 отсто, додека Шенжен скокна за 1,08 отсто. Тоа само го ослабна хонгконгскиот Ханг Сенг за 0,14 отсто, додека австралискиот S & P / ASX 200 напредуваше 0,14 отсто.

Најширокиот индекс на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонската, зајакна за 0,75 отсто.

Се чини дека инвеститорите во САД ја „турнаа настрана“ веста за руско-украинскиот конфликт, бидејќи акциите на Вол Стрит синоќа направија пресврт, земајќи силна нагорна траекторија по остриот пад на почетокот на тргувањето.

Индексот на њујоршката берза, S&P 500, порасна за 1,5 отсто по падот за повеќе од 2,6 отсто, додека индустрискиот Dow Jones ја надомести загубата од 859 поени и го затвори денот во плус за 92,07 поени. Насдак композитниот технолошки индекс скокна за 3,3 отсто откако падна за речиси 3,5 отсто во текот на трговскиот ден.

На валутните пазари, индексот на доларот, кој ја следи вредноста на доларот во однос на кошницата ривалски валути, падна на 96.880 поени од 97.137 поени.

Јапонскиот јен се тргуваше по 115,22 јени за долар.

Нешто потешко закрепнуваше еврото во Азија од вчерашната значителна загуба на вредноста, додека, според последните податоци, се тргуваше по курс од 1,1196 долари. Во четвртокот го забележа најниското ниво од мај 2020 година во однос на американската валута, од 1,1106 долари.

Руската рубља во текот на ноќта ослабе на 89,98 рубљи за долар, но утринава закрепна на 86 рубљи во однос на доларот, додека во однос на еврото се тргуваше на ниво од 96,06 рубљи.