Несоницата кај менаџерите: Справете се со стресот на работното место

49

Без разлика дали сте вработени во одреден сектор или сте топ менаџер, стресот предизвикан од работните обврски многу често го намалува првично квалитетот на вашиот сон, а потоа и квалитетот на вашиот живот

ph1

Грижата за иднината на компанијата и задачите кои ви се доверени ве прават напнати и неспокојни, поради што останувате будни до доцните ноќни часови, со очи широко отворени. Во оваа приказна особено ќе се пронајдат семејните луѓе бидејќи нив дополнително ги оптоварува и грижата за стабилноста на работното место, а со тоа и финансиската стабилност. Кога ќе влезете во тој круг на мисли и размислувања, по некое време сфаќате дека многу одамна сте го изгасиле светлото, а вие сте комплетно расонети. Тоа сознание уште толку ја влошува вашата состојба затоа што знаете дека штом дојде утрото, вие мора да сте одморени и доволно наспани за новите работни ангажмани и предизвици.

Квалитетниот сон и ноќен одмор е од есенцијална важност за психичкото и физичкото здравје. А за жал, стресот предизвикан од работните ангажмани честопати не може да се избегне. Истражувањата покажуваат дека мала количина на стрес може да се смета како продуктивна, бидејќи ни помага да се соочиме и да се адаптираме на новите и заканувачки ситуации. Но, добрата страна на стресот исчезнува во моментот кога почнува да ја попречува нашата способност да се грижиме за себе, за нашето семејство и за работата. И тогаш велиме дека се соочуваме со појава на т.н. менаџерски синдром, кој е последица на долготрајна и хронична изложеност на стрес на работното место. Менаџерскиот синдром, кој се јавува кај голем процент од деловните луѓе, најчесто предизвикува симптоми на несоница, аритмија и/или пад на имунитетот. Несоницата се издвојува како една од посериозните последици на ваквата појава која влијае врз целокупниот квалитет на живот и здравје на менаџерите и не е воопшто бенигна.

Не спиете доволно долго ниту пак доволно добро? Тоа ви штети

Инсомнијата се карактеризира со тешко заспивање и незадоволителен квалитет на спиењето, а резултира со пореметување на дневните активности. Некои од симптомите за несоница се: повеќе од 30 минути потребно време за заспивање, спиење помалку од 6 часа, будење неколку пати во ноќта, рано будење без можност за повторно заспивање и спиење со слаб квалитет. Луѓето со нарушен биоритам поради постојаното менување на временски зони или работењето во ноќни смени можат исто така да бидат жртви на несоница.

Напнатоста како последица на инсомнија е составен дел од животот на луѓето кои страдаат од неа. Кај нив се јавува поспаност, замор, потешкотии во концентрацијата, главоболка и страв дека нема да успеат повторно да заспијат. Поради ова, кај нив постои нарушеност во извршување на нормалните дневни активности како доцнење на состаноци или донесување на погрешни одлуки, кои го намалуваат задоволството, расположението и квалитетот на животот.

Нарушувањето во спиењето предизвикано од стрес може да се спречи!

Пред сѐ потребно е да се научи како да се контролира стресот и тоа преку стекнување вештини со помош на кои се препознава предизвикувачот на стресот и се станува свесен за самата стресна ситуација, односно состојба. На тој начин се подготвува соодветно и телото и умот за адекватна рационална и емоционална реакција на стресорот.

Обидете се да направите неколку корисни ритуали и усвојте неколку позитивни навики. Со помош на неколку едноставни активности ќе ги исклучите мислите од умот, ќе го забавите и на тој начин ќе го подготвите за спиење. Пробајте да слушате некоја релаксирачка музика, но во затемнета просторија, читајте книга, туширајте се со ароматична купка, пијте чај од камилица, липа или маточина.

Здравиот начин на живот кој вклучува редовна физичка активност и балансирана исхрана исто така одат во прилог на добриот сон.

Доколку сево ова не ви успее или пак не резултира со успех, обидете се со природна терапија.

Што препорачуваат стручните лица? Суплементи на природна база

ph2Во контекст на природната терапија на нарушувањето во спиењето, делотворно решение се додатоците во исхраната на база на мелатонин, валеријана и маточина кои придонесуваат за смирување и мирен целовечерен сон.

Овие природни препарати се многу безбедни и ефикасни за рана употреба во лекувањето на инсомниите бидејќи се од билни состојки. Предноста на ваквите производи, пред класичните фармаколошки лекови како што се седативите, е тоа што не предизвикуваат зависност и посебно се препорачуваат кај луѓе кои се под високо ниво на стрес.

Капсулите Dormirin и Dormirin FORTE содржат мелатонин – кој го регулира сонот на тој начин што го скратува времето потребно за заспивање, и екстракти од валеријана и маточина кои имаат дополнителен смирувачки ефект и овозможуваат целовечерен сон. Ваквата комбинација придонесува за лесно опуштање и брз вовед во сонот кој потоа има добар квалитет и континуитет.

Dormirin (www.dormirin.mk) е додаток на исхраната произведен во ЕУ според највисоките стандарди за квалитет и е ефикасен сојузник во борбата со бессоните ноќи.

Филип Ачкоски, м-р по фармација

ph3