Nestle инвестира 102 милиони долари во Кина за производство на вегетаријанска храна

49

Швајцарски Nestle договори соработка со економскo – технолошката развојна зона Тианџин (TEDA) во Кина за изградба на фабрика со годишен капацитет на производство од осум илјади тони.

Првата фабрика на Nestle во Тианџин е изградена во 1994 година, а во најновиот инвестициски циклус најавуваат проширување на фабриката за производство на храна за домашни миленици, но и проширување на секторот за производство на храна за вегетаријанци.

Nestle ќе се фокусира на производи кои го заменуваат месото, со цел да ги понуди своите производи на кинескиот пазар каде вегетаријанската понуда почнува силно да се развива.

Кинескиот вегетаријански пазар се проценува дека до 2023 година би требало да вреди 12 милијарди долари, а веќе влегува во кинеските ланци за брза храна, како Starbucks, KFC, но и стотици кинески брендови на ресторани.

Фото: Facebook