Nestle инвестира 55 милиони долари за нова фабрика на Куба

48

nestle

Фото: Nestle

Швајцарската прехранбена компанија Nestle  на Куба ќе гради фабрика за кафе и бисквити вредна 55 милиони долари. Фабриката ќе се гради во бизнис зоната Мариел.

Фабриката е заедничко вложување помеѓу Nestle и кубанското претпријатие за храна Corporación Alimentaria, S.A. (Coralsa).

Куба ја изгради бизнис зоната околу пристаништето Мариел западно од Хавана пред четири години, нудејќи им на фирмите значајни даночни и царински олеснувања, пишува Reuters.

Фабриката ќе започне со производство кон крајот на 2019 година и на почетокот ќе произведуваат производи од кафе, а подоцна бисквити и други продукти.