Nestle инвестира 6,5 милиони евра во производство на KitKat во Бугарија

172

original

Швајцарската прехранбена компанија Nestle со инвестиција од 6,5 милиони евра ја обнови линијата за производство на чоколаден десерт во фабриката во Софија. Обновената линија ќе произведува нови чоколади KitKat, кои од Бугарија ќе се извесуваат во целиот свет.

Во фабриката за чоколадни производи и бисквити во Софија работат над 730 лица, a со новата линија ќе бидат ангажирани над 100 луѓе. За работа на оваа инсталација ќе се користат бугарско брашно и млеко, пишува софиски Дневник.

Nestle има инвестирано над 75 милиони евра во Бугарија во последните 10 години. Оваа компанија во Бугарија има две фабрики – една во Софија за чоколадни производи и бисквити и една во Варна за сладолед.