Nestle инвестира две милијарди швајцарски франци во развој на еколошка амбалажа

23

Најголемата светска прехранбена компанија Nestle соопшти дека ќе инвестира до две милијарди швајцарски франци во натамошно развивање на еколошкo прифатливи решенија во прехранбената индустрија, со цел да се зголеми употребата на рециклирана пластика и да се забрза развојот на иновативно одржливо пакување.

Надоврзувајќи се на ветувањето од 2018 година според кое до 2025 година, 100% од амбалажата ќе биде од материјал кој ќе може повторно да се искористи или да се рециклира, компанијата најави дека ќе ја намали употребата на пластика за една третина во истиот период, истовремено придонесувајќи за отстранување на пластичниот отпад од океаните, езерата и реките.

“Во нашето работење квалитетот и безбедноста на храната се од најголемо значење и пакувањето игра главна улога. Повеќето пластики што се достапни денес тешко се рециклираат за да бидат безбедни за повторна употреба во прехранбената индустрија, што значително ја ограничува количината на материјали што ни се достапни. Nestle се обврза да обезбеди до два милиони тони рециклирана пластика што може да се користи во прехранбената индустрија и да инвестира повеќе од 1,5 милијарди швајцарски франци до 2025 година“, најави Ирена Куртанјек, раководител на корпоративни комуникации од компанијата.

Фото: Pexels