Нестле ќе ги продава “лошите” брендови?

50

nestleШвајцарскиот гигант Нестле е се поблиску до одлуката да ги продаде “лошите” брендови и да го подобри своето портфолио со отстранување на фирмите кои подолг период остваруваат слаби резултати.

Извршниот директор Пол Булке на инвеститорите им кажал дека компанијата составува листа на претпријатија чие работење може да се подобри и на оние каде што не може ништо да се стори.

“Ќе продадеме некои делови. Сакаме да работиме, а не да бидеме во агонија. Листите се составени и сега се на ред конкретни потези. Временската рамка треба мудро да се дефинира, но секако ќе преземеме нешто конкретно”, изјавил Булке на презентацијата пред инвеститорите, пренесува Ројтерс.

Булке не сакал да именува конкретни брендови, но од свои извори Ројтерс дознава дека Нестле планира да го продаде произведувачот на енергетски плочки PowerBar.

Минатата година Нестле оствари приходи од 75,2 милијарди евра, а пазарната капитализација на компанијата изнесува 166,3 милијарди евра.