Nestle ќе плати 7,2 милијарди долари за да го продава кафето на Starbuks

35

Фото: Pexels

Nestle ќе плати 7,2 милијарди долари, за да продава и дистрибуира производи од Starbucks низ целиот свет, пренесува CNN.

Nestle веќе има значително присуство во бизнисот со кафе со познати брендови како Nescafe и Nespresso, а сега ќе ја прошири својата палета на производи со кафе и чај од Starbucks.

Договорот ја опфаќа само пакуваната стока на Starbucks продадена надвор од продавниците на американската компанија, не и онаа што е во Starbuks кафулињата. Се очекува одобрување од регулаторите за договорот да биде финализиран летово или на почетокот на есента.

Според швајцарската компанија околу 500 вработени во Starbucks ќе се приклучат на Nestle.

Пакуваните производи на Starbucks генерираат годишен приход од околу 2 милијарди долари.