Nestle ќе продава вегански бургери

44

Најголемата компанија за кондиторски производи, Nestle, влегува во веганскиот бизнис. Швајцарскиот гигант ќе претстави свои бургери без месо, како дел од иницијатива за поздрава храна.

Ова е уште еден обид на компанијата што стои зад KitKat и Nescafe, да се приклучи кон се поголемиот вегански пазар. Nestle и претходно има внесено поздрави варијанти на производи во својата палета, но овој пат тоа ќе биде на малку нетипичен начин за гигантот.

Веганските бургери ќе го имаат своето деби овој месец во Европа, а ќе се состојат од соја, протеини од пченица, цвекло, морков и екстракт од бибер.

Фото: Nestle