Нестле ќе произведува Томи мајонез во Србија

107

thomyКомпанијата Нестле го премести производството на мајонезот од Полска во фабриката во Сурчин, а вредноста на оваа инвестиција е 1,3 милиони евра, изјави регионалниот директор на компанијата Ансгар Борнеман. Тој очекува фабриката во општината Сурчин, Белград, која претходно му припаѓаше на Центропроизвод, годишно да произведува преку 2.000 тони Томи мајонез.

“По 14 месеци напорна работа и инвестиција од 1,3 милиони евра, започнавме со производство во Сурчин. Производството ќе биде ориентирано на регионот, но исто така ќе ни пружи и нови можности за извоз”, вели Борнеман, пишува Нови магазин.

Борнеман додава дека од преземањето на Центропроизвод, Нестле инвестирал околу три милиони евра за да ги унапреди производните процеси.