Nestle купи американска компанија за достава на храна

95

Швајцарскиот прехранбен гигант, Nestle објави дека ја купи американската компанија за достава на храна Freshly, за скоро милијарда долари.

Freshly им доставува готови јадења на клиентите што може да се загреат за три минути. Nestle на крајот на минатата недела објави дека американската компанија треба да оствари приход од 430 милиони долари оваа година и да испорача повеќе од милион оброци неделно.

“Потрошувачите сè повеќе го прифаќаат купувањето преку Интернет и никогаш не јаделе толку многу дома, како денес. Овој тренд го предизвика пандемијата, но тоа ќе биде долгорочно“, рече Стив Присли, директор на американскиот бизнис на Nestle.

Фото: Facebook