Nestle: Не профитираме од нашите други операции во Русија

45

Nestle изјави дека не генерира профит од својата работа во Русија. Изјавата беше дадена откако најголемиот светски производител на храна беше под зголемен притисок да ја прекине работата во земјата поради војната во Украина, пишува „Блумберг“.

Во говорот пред илјадниците демонстранти во швајцарската престолнина Берн, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Nestle дека продолжува да работи во Русија. На почетокот на овој месец, швајцарската компанија ги прекина испораките на несуштински производи за Русија, вклучувајќи ги и капсулите Nespresso и минералната вода San Pellegrino. Сепак, компанијата продолжува да продава храна за бебиња, житарки и дел од храната за домашни миленици кои спаѓаат во нејзиното портфолио.

„Ние не генерираме профит од нашите други активности“, рече портпаролот на Nestle во е-пошта. „Фактот што ние, како и другите прехранбени компании, доставуваме важна храна до населението, не значи дека продолжуваме да го правиме тоа како досега“, се вели во соопштението.

Украинската влада го наведува Nestle како една од компаниите што не ги прекинала целосно своите активности во Русија. Премиерот Денис Шмихал твитна минатата недела, велејќи дека извршниот директор Марш Шнајдер не покажал разбирање и се надева дека наскоро ќе го промени своето мислење.

„Правиме се што можеме во Украина и во соседните земји за да помогнеме во ублажувањето на оваа хуманитарна катастрофа“, рече Nestle. „Сè уште сме една од ретките активни прехранбени компании во Украина и понекогаш успеваме дури и да доставиме храна во Харков“, вели производителот.