Nestle од Турција ги извезува своите производи во 20 земји во светот

62

Фото: Facebook

Швајцарската компанија Nestle ги извезува своите производи на 20 светски пазари од Турција, пишува агенцијата Анадолија.

Компанијата, којашто има четири фабрики во Турција, влезе на тамошниот пазар во 1875 година со бебешка формула. Сега произведува над 800 производи во 12 категории.

“Го произведуваме брендот Damak од 1933 година, којшто се добива со мешање чоколадо и ’фстаци, што е една од најважните земјоделски култури на Турција“, вели Зејнеп Сангу од Nestle Турција.

Ова чоколадо се продава во повеќе земји во светот, меѓу кои се САД и Јапонија.