Nestlé отвори Институт за здравствена наука

25

Институтот за здравствена наука на Nestlé (Nestlé Institute of Health Sciences) официјално е отворен со церемонија одржана во новата зграда во Лозана, Швајцарија. Истражувањата кои ќе бидат водени во Институтот ќе помогнат во обезбедување на здравствена основа на која ќе се развиваат производи кои можат да ги одложат или ублажат тешкотиите кај заболените од дијабетес, прекумерна телесна тежина и Алцхајмерова болест. Таквата исхрана ќе помогне и во поздраво стареење.

Институтот што се наоѓа во рамките на Националниот политехнички универзитет во Лозана ќе се фокусира во областа на здравјето на мозокот, метаболизмот и гастроинтесталниот тракт. Новата зграда ќе му овозможи на Институтот на Nestlé да ги прошири своите тековни активности.

“Nestlé е водечка прехранбена компанија во светот, што се должи на континуираните инвестиции во секторот за истражување и развој, иновации во производните процеси, производи и пакувања, како и начинот на кој се поврзуваат со потрошувачите. Овој Институт претставува нова потпора на нашите капацитети за истражување. Една од најголемите можности за развој е тоа што нашето истражување се базира на научно засновани нутритивни решенија за превенција и справување со хроничните болести”, изјави Пол Булке, извршен директор на Nestlé и додаде дека работата на Институтот ќе ја зајакне позицијата на компанијата како водечка во светот во областа на исхраната, здравјето и здравиот начин на живот.