Прехранбената компанија Нестле отвори нов погон во фабриката за замрзнати пици Вагнер во Нонвајлер, Германија. Во погонот се инвестирани 50 милиони евра и отворени се 50 нови работни места.
“Ова е најнапредна линија за производство на замрзнати пици во Европа. Инвестицијата во фабриката ќе ни овозможи на пазарот да понудиме иновативни пици со свежи намирници од брендот Die Backfrische, кој е еден од најуспешните брендови на замрзнати пици лансиран во последните неколку години”, изјави Вернер Бауер, главен директор за технолошки операции на компанијата.
Претходно оваа година Нестле најави инвестиција од 40 милиони евра во истражување и развој во сегментот на замрзната храна во САД.