Нестле отвори нов погон за замрзнати пици во Германија

23

pizzaПрехранбената компанија Нестле отвори нов погон во фабриката за замрзнати пици Вагнер во Нонвајлер, Германија. Во погонот се инвестирани 50 милиони евра и отворени се 50 нови работни места.

“Ова е најнапредна линија за производство на замрзнати пици во Европа. Инвестицијата во фабриката ќе ни овозможи на пазарот да понудиме иновативни пици со свежи намирници од брендот Die Backfrische, кој е еден од најуспешните брендови на замрзнати пици лансиран во последните неколку години”, изјави Вернер Бауер, главен директор за технолошки операции на компанијата.

Претходно оваа година Нестле најави инвестиција од 40 милиони евра во истражување и развој во сегментот на замрзната храна во САД.