Nestlé почнува бизнис со лековити растенија

49

Една од најголемите светски прехранбени компании, швајцарски Nestlé објави соопштение во кое најавува здружување со кинеската фармацевтска куќа Hutchison Chi-Med.

Оваа кинеска компанија се занимава со производство на лековити производи. Новиот заеднички бизнис ќе се вика Nutrition Science Partners, со подеднаква сопственост од двете страни, а ќе се занимава со истражување, развој и производство на нутритивни и медицински производи направени од растенија.

Со ова Nestlé ќе добие пристап до библиотеката на Chi – Med со традиционални кинески лекови, која има преку 50.000 екстракти од преку 1.200 различни лековити растенија.

На почетокот, производството ќе се фокусира на здравјето на дигестивниот систем, пазар вреден шест милијарди долари, а подоцна ќе се посвети и на болестите на метаболизмот и на мозокот.

“Веруваме дека традиционалната кинеска медицина има реален потенцијал да стане дел од иновативни решенија”, изјави Луис Кантарел, извршен директор на Nestlé Health Science.

Традиционалната медицина веќе 3000 години е дел од кинеската култура и доминантен третман за поголемиот дел од населението. Првиот документиран извор на кинеската медицинска теорија, “Inner Classic of the Yellow Emperor,” е напишана меѓу 300 и 100 години п.н.е.

Chi – Med склучи договор со AstraZeneca за развој на експериментален лек против рак.