Најголемиот производител на храна во светот, Nestle посочи дека цените на прехранбените производи може да бидат уште повисоки бидејќи трошоците за производство и транспорт стануваат поскапи.
Тие рекоа дека ќе мора да ги зголемат цените поради поскапите трошоци во втората половина од оваа година.
“Инфлацијата практично не постоеше веќе неколку години, а потоа одеднаш се појави. Тоа директно не погоди“, изјави извршниот директор на Nestle, Марк Шнајдер.
Но, тој верува дека инфлацијата е минлива. Во првата половина од оваа година, производите на Nestle веќе поскапеа за 1,3%.
Шнајдер нагласи дека компанијата може да се справи со зголемувањето на трошоците за производство за одредени производи, како на пример зголемување на цените на кафето. Но, тој тврди дека тие не можат да влијаат на трошоците за превоз, како што рече, вршат голем притисок врз компанијата.
Претходно, General Electric, Anheuser-Busch InBev, Unilever предупредија дека трошоците за производство ќе растат со закрепнување на глобалната економија од пандемијата на коронавирусот. Ова е предизвикано од фактот дека економските активности одеднаш повторно започнаа, додека светскиот синџир на снабдување се соочува со проблеми.
Фото: Pixabay











