Nestlé развива технологија за бавно согорување на кофеинот во човечкиот организам

27

kafe

Научниците од истражувачкиот центар на Nestlé во Лозана изработија студија за побавно согорување на кофеинот во човечкиот организам.

Во фокусот на истражувањето се таканаречените “кубосоми“, коишто се носители на активните супстанци што ги емитираат природните структури во организмот. Станува збор за микроскопски капсули направени од молекули на липид и вода, коишто содржат и неколку други состојки со нутритивна вредност. Кубосомите полека се распрснуваат, испуштајќи ја содржината на контролиран начин.

Научниците веруваат дека во иднина љубителите на кафе по само една испиена шолја можат постапно да ја чувствуваат енергијата во организмот, којшто би траела во текот на целиот ден без несакани нус појави.

Оваа технологија во иднина би можела да се користи за временско ослободување на нутритивните вредности од голем број прехранбени производи на контролиран начин.