Nestlé склучи партнерство со Alibaba

129

nestle-cokolado

Прехранбената компанија Nestlé склучи партнерство со Alibaba во Кина со цел проширување на онлајн продажбата во оваа азиска земја, градење на клучните брендови и понуда на нови производи на милиони корисници, стои во соопштението на швајцарската компанија.

Nestlé ги претстави сувото млеко Nido, чоколадото Damak и кафе машините Nescafe Dolce Gusto BMW MINI на Tmall.com, најголемата онлајн продавница за брендови и трговци во Кина. Преку користењето на Taobao.com, Nestle ја проширува својата дистрибуција во руралните средини.

Според Себастиен Шчепаниак, потпретседател на Одделот за продажба и е-бизнис на групацијата, онлајн продажбата на Nestlé расте преку 25% годишно.