Nestle влегува во бизнис за медицинска нега на кожа

18

nestleШвајцарската компанија Nestle плати 3,6 милијарди долари за да преземе целосна контрола врз Galderma, дерматолошки бизнис кој ја подмладува кожата и подготвува третмани за акни, псоријаза и рак. Шведската Galderma ќе стане дел од дивизијата позната како Nestle Skin Health SA. Ова е уште еден чекор понапред во секторот за нега и здравје, кој ветува брз раст и поголеми маргини за профит од основниот бизнис со храна на Nestle, пишува Блумберг.

За да ја реализира оваа аквизиција, Nestle во рамките на својата стратегија одобри стратешка трансакција со која го намали својот удел во L’Oréal од 29,4% на 23,3%, за сума од 48,5 милиони евра.

Nestle кон новата компанија ќе ја спои и постоечката Bübchen, специјализирана за нега на бебешка кожа.

Управниот одбор на Nestle одобри проширена долгорочна стратешка ориентација на компанијата, надоврзувајќи се на мисијата на компанијата заснована на грижата за здравјето, квалитетот на животот и научно втемелената исхрана.