Nestlé во Србија инвестирала пет милиони евра за две години

40

tomi

Од 2012 година, кога Nestlé ја презеде фабриката на Центропроизвод во општината Сучин, Белград, оваа швајцарска прехранбена компанија во Србија вложила пет милиони евра во подобрување на производните процеси. Само во погоните за прочистување на водата во фабриките во Стара Пазова и Сурчин, отворени минатата недела, инвестирани се вкупно 1,5 милиони евра. Погонот со капацитет од 160 метри кубни дневно ќе овозможи по производниот процес, во природата да се врати чиста вода, пренесуваат српските медиуми.

Како што велат од компанијата, во последните 10 години обемот на производство во светот е зголемен за 70%, со истовремено намалување на потрошувачката на вода за 34%.

Во погонот во Сурчин дневно се произведува преку 1.600 тони Thomy мајонез, кој се извезува на пазарите во земјите од поранешна Југославија. Швајцарската компанија, комплетното производство на Thomy мајонезот во Сурчин го премести од Полска минатата година.

Во двете фабрики на Nestlé во Србија се вработени 722 работници.