Netflix сега вреди 225 милијарди долари

83

Пазарната вредност на Netflix за една година се зголеми за 85 милијарди долари, достигнувајќи 225 милијарди долари, а приходите ѝ се зголемија за 23% и тоа во услови на пандемија.

Netflix во последната година достигна раст на приходите и бројот на претплатници, бидејќи поради карантинот милиони луѓе останаа во своите домови, па им беше неопходна секојдневна занимација.

Откако заработката на компанијата во последниот квартал од минатата година откри дека стриминг гигантот првпат надмина повеќе од 200 милиони претплатници, акциите на Netflix имаат огромен скок што доведе до поголема пазарна вредност.

Приходите остварени во САД и Канада беа за 50% повисоки од оние во Европа и трипати повеќе од приходите остварени во Латинска Америка.

До крајот на декември минатата година бројот на претплатници на Netflix се зголеми за 10 милиони, достигнувајќи 203 милиони на глобално ниво.

Фото: Pexels