NetGroup од Естонија ги разгледува можностите за соработка во Македонија

79

biznis sorabotka

Претставници на естонската компанија NetGroup и на македонски софтверски компании ги разгледуваа можностите за соработка на средба што се одржа вчера во организација на Министерството за информатичко општество (МИОА), пишува Миа.

“Членовите на бордот на директори на компанијата од NetGroup, Андерс Абел и Раиго Раид потенцираа дека причината поради која одлучиле да се интересираат за соработка со ИТ компании од Македонија се одличните технички и кадровски потенцијали што ги поседуваат компниите од Македонија“, соопшти МИОА.

Во тек на посетата на Македонија, членовите на бордот на директори на естонската компанија одржаа работни состаноци со повеќе македонски софтверски компании, а естонските искуства од областа на е-судството, ги пренесоа и на презентацијата што ја одржаа за време на работниот состанок во Министерството за правда.

NetGroup е основана во 1999 година со седиште во Талин и е една од поголемите ИТ компании во Естонија, а од 2012 година се партнери на Microsoft. Имаат своја канцеларија во Финска, а нивните програми ги извезуваат и во Шведска, Оман и Северен Ирак. Креираат софтвер за естонската Влада, имаат добар продукт во делот за наплата, а во нивната земја го имаат имплементирано и електронското судство (е-судство.