Нето плата од 21.976 денари во ноември

24

denari

Просечната месечна исплатена нето плата во ноември лани изнесува 21.976 денари, додека во бруто износ е 32.268 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во ноември лани, во однос на истиот месец во 2014 година, е зголемена за 1,8%.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (9,2%), Административни и помошни услужни дејности (8,4%) и Градежништво (7,1%). Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (23,5%), Рударство и вадење на камен (7,4%) и Градежништво (2,6%).

Во ноември 2015 година, 1,2% од вработените во Република Македонија не зеле плата.