Нето платата во ноември е 21.588 денари

18

denari

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во ноември изнесува 21.588 денари, додека бруто износот е 31.644 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, бележи пораст од 2,5%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности за 8,5%, Рударство и вадење на камен за 7,6% и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,4%.

Намалување на просечната месечна исплатена нето – плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 
11,2%, Градежништво за 4,4% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8%.

Во ноември 2014 година, 1,1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.