Нето платата во ноември повисока за 7%

27

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27.588 денари, додека во бруто износ е 41.141 денар, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во ноември лани, во споредба со истиот месец една година претходно, е зголемена за 7%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11,2%), Дејности на здравствена и социјална заштита (11,2%) и Образование (9,5%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,1%), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3,6%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна  (3,4%).

Фото: Freepik