Networker ги претвора проблемите во можности

107

Фото: Pixabay

Networker овозможува вмрежување со соодветни луѓе, финансиски институции, партнери и заедници со взаемни интереси.

Потрошувачкото општество и брзите трендови наметнаа темпо што е тешко да се следи. Обичните луѓе останаа заглавени во минуси на картици и кредити за нешто што е тренд да се поседува. Претприемачите мотивирани да направат нешто, преплавени се со море од информации и потенцијални бизнис можности, но не знаат од каде да почнат. Постоечките компании, пак, не знаат како да се прилагодат на трендовите и да ги искористат новите потрошувачки навики за експанзија на бизнисот, стои во соопштението.

Важноста од личност која ги има контактите и која може да те води низ сите чекори од процесот на креирањето на твојот личен финансиски план, лансирање на бизнис идеја или решавање на бизнис предизвик е поголема од било кога.

Основачите на Networker, Сања Митровска и Славе Ангелов, создадоа тим кој има задача да го трансформира начинот на кој луѓето и бизнисите се соочуваат со тековните предизвици.

Networker е дизајниран да посредува помеѓу потребите и интересите на засегнатите страни. За оние со финансиски предизвици се прави финансиски план кој ја вмрежува финансиската реалност на клиентите со понудата на финансиски продукти на пазарот. За бизнис ентузијастите покрај креација на бизнис моделот и процесот на основање на компанија, се прави вмрежување со инвеститорите и клиентите, продавајќи ја нивната бизнис идеја. Веќе постоечките бизниси се вмрежуваат со потенцијални инвеститори, партнери, клиенти и финансиски институции со цел оптимизација на трошоците, дигитализација на процесите и експанзија на бизнисот.

“Веруваме дека не постои проблем што не може да прерасне во можност. Тука сме за да ги мотивираме, вмрежиме и водиме луѓето во наоѓање решенија преку истражување на креативни начини за соочување со предизвиците. Услугите кои ги нуди Networker ќе бидат бесплатни за корисниците. Веруваме во создавањето на една високорастечка заедница, која ќе биде фокусирана на целосно искористување на можностите“, велат од Networker.

Советувањето е бесплатно, исто како и кафето. 🙂 Закажете средба на https://www.networker.mk/.