Neutrogena влажните марамчиња бришат кармин од насловна страна на магазин

21

neutrogena

Neutrogena и агенцијата DM9DDB работеа заедно со бразилскиот неделник Caras да создадат специјална насловна страна. Трикот е во тоа што изданието се продава со примерок на влажни марамчиња на компанијата Neutrogena, а купувачите ќе можат со марамче да го избришат карминот од лицето на актерката Џована Евбанк, која е на насловната.

Според истражувањата, потрошувачите се позаинтересирани за производи што можат да ги допрат пред да ги купат.