Невена Лесковац ја загуби лиценцата за Косили, започна производство на нова линија Косалија

477

nevena

Хемиската индустрија Невена од Лесковац, Србија, која се наоѓа во реструктуирање, започна производство на нова беби колекција Косалија. Во новата колекција има шампон, купка, млеко, масло, пудра и сапун за најмладите.

Експертите во соработка со колегите од странство работеле една година на креирање на автентичен производ, изјави директорот на Невена, Миљан Миљковиќ, јавува Танјуг.

Невена започна нова детска програма откако не успеа да обезбеди пари за обновување на лиценцата за швајцарската колекција Косили.

На новинарско прашање дали е можно Косили да ја тужи Невена за плагијат поради сличното име и состојки на колекцијата, Миљковиќ одговори дека новиот бренд е заштитен во Заводот за заштита на интелектуална сопственост и меѓународната агенција ВИПО.

Првите количини од производите на пазарот ќе се најдат за една недела, а само на пазарите на поранешните југословенски републики, Невена месечно ќе извезува производи во вредност од 130.000 евра.

Невена лиценцата за производство на Косили ја доби во 1988 година.