Невена Лесковац останува без лиценца за Косили?

411

kosiliХемиската индустрија Невена од Лесковац наскоро ќе престане да ги произведува шампонот и пенливата купка за деца Косили, затоа што нема да плати 600.000 евра за обнова на лиценцата на швајцарската компанија Гретер, изјави претседателот на синдикатот на оваа компанија во реструктуирање, Небојша Перовиќ, јавува Танјуг.

Производството на познатиот шампон Косили сочинува 80% од производната програма на оваа српска компанија.

Перовиќ апелираше до државата да и помогне на Невена, затоа што со плаќање на лиценцата, државата би можела да го зголеми својот удел во компанијата, а работниците ќе ги задржат работните места.

Хемиската индустрија Невена лиценцата за производство на Косили ја доби во 1988 година.