Невообичаен број повреди во фабриката Тесла во близина на Берлин

43

Во „гига-фабриката“ на автомобилската компанија „Тесла“ во Гринхајде во близина на Берлин, во периодот од јуни до ноември 2022 година е забележан невообичаено голем број на повреди на работа, меѓу кои и многу тешки, објави неделникот „Штерн“.

Стерн, повикувајќи се на извори во надлежните канцеларии и спасувачки служби, откри дека во тој период биле пријавени 190 повреди на работното место, како и дека возачите на Брзата помош на новинарите им кажале случаи кога кутија паднала врз глава на работник од висина од неколку метри со тежина од 50 килограми, кога на работничко стапало се истурил течен алуминиум, а има повеќе случаи на ампутации поради изгореници или излевање на натриумова киселина.

Претставникот на синдикатот „ИГ Метал“ за областа Берлин-Бранденбург-Саксонија ги повика властите во фабриката во Тесла да ја подобрат безбедноста при работа со порака дека здравјето на работниците е поважно од профитот.

Од „ИГ Метал“ претходно посочија дека во некои денови поради лошите услови и до 40 отсто од вработените се на боледување и тврдат дека раководството наместо да ги истражува причините за ваквата состојба, го зголемува притисокот врз работниците.

На удар се најде и премиерот на сојузната покраина Бранденбург, Дитмар Фодајк. Разни невладини организации го обвинуваат за нетранспарентност кога е во прашање неговиот однос со Тесла. Тој вели дека е свесен за зголемениот број на повреди на работа, но дека „не е портпарол на Тесла“.