Невообичаен случај: Во еден град, поевтино е да се вози електричен автомобил отколку Лада

163

Искуствата од рускиот град Хабаровск покажуваат дека економската структура може да ги направи електричните автомобили прифатливи за населението.

Според Блумберг, повеќе од една петтина од сите електрични автомобили увезени во Русија помеѓу јануари и јуни биле продадени во Хабаровск и други области на источна Русија. И тоа и покрај фактот дека само четири проценти од населението живее во таа област.

За илустрација, Москва има двојно повеќе жители од Далечниот Исток, а само 14% од електричните автомобили се продадени во главниот град. Она што е особено интересно во целата приказна е дека Далечниот Исток не е особено богат, а ниту неговите жители не се премногу еколошки свесни.

И покрај тоа, електричните автомобили се на секој чекор, вели Дмитриј Унугаев, кој го купи својот прв електричен автомобил пред пет години. Бидејќи бројот на полначи не го следи растот на продажбата, во Хабаровск често можете да видите кабли што висат од балконите на станбените згради за да се наполнат автомобилите.

Имено, Хабаровск и Москва се оддалечени повеќе од 8.000 километри. Со цел да се стимулира економијата во таа област, руската влада со години ја субвенционира цената на електричната енергија.

Од друга страна, поради малиот број рафинерии за нафта во таа област, бензинот и дизелот мора да се носат од подалечните делови на Русија, така што цените на горивата на Далечниот Исток се обично повисоки отколку во остатокот од Русија. Според јулските податоци на руската статистичка служба, резервоарот за гориво на Далечниот Исток чини 6% повеќе.

Затоа, комбинацијата на евтина струја и скапо гориво ги направи електричните автомобили поатрактивно решение. Третиот фактор е географската близина на Јапонија, така што многу жители на Хабаровск увезуваат електрични автомобили од таму.

Така, првиот автомобил на Дмитриј Унгаев беше користен Nissan Leaf. Моделите произведени помеѓу 2011 и 2013 година може да се купат за 400.000 до 600.000 рубли (5.500 до 8.200 долари).

Фото: Pixabay