Невработените во регионот посакуваат странец за работодавач

9

Хрватите се покажаа како најактивни во барањето работа во конкуренција со невработени од Србија и Босна и Херцеговина. Се јавуваат на преку 100 огласи пред да најдат работа, додека испитаниците од Србија и БиХ главно се откажуваат после 30 огласи. Упорноста е причината поради која повеќето испитаници од Хрватска седат невработени само еден месец, а очекуваат дека работа ќе најдат во рок од три месеци. Хрватите не сакаат да волонтираат подолго од еден месец, па дури и ако потоа добијат постојана работа.

Ова се резултатите од истражувањето на порталот mojposao.hr, во кое учествувале 1.600 испитаници од овие три држави. Истражувањето покажа и дека Хрватите најмногу се плашат за својата иднина. Дури половина се плашат дека ќе останат без работа, а во 42% од фирмите на вработените им биле намалени платите. Менаџерите во Србија размислуваат поинаку. Само една петина им ги намалиле платите на вработените, но затоа поделиле повеќе откази. Затоа во Србија вработените имаат повеќе оптимизам во она што им го носи иднината.

Невработените веќе не бираат. Дури 62% од испитаниците од регионот би работеле било што. Петтина испитаници признале дека работат на црно. Да можат да бираат, би одбрале фирма во странска сопственост, додека меѓу невработените во Србија и БиХ најпопуларна е работата во државните служби. Невработените во трите земји мислат дека треба врските се пресудни за вработување.