Невработеност од 16,1% во последното тримесечје од 2020 година

51

Стапката на невработеност во последното тримесечје од минатата година беше 16,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Активното население, во последните три месеци од минатата година, беше 941.524 лица, од кои 789.552 се вработени, а 151.972 се невработени.

Стапката на активност во овој период е 55,9, а стапката на вработеност 46,8.

Фото: Pexels