Невработеност од 16,6% во последното тримесечје од минатата година

25

Стапката на невработеност, во последното тримесечје од минатата година, изнесува 16,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период е 57,5, а стапката на вработеност 47,9.

Активното население во земјава изнесува 968.604 лица, од кои вработени се 807.362, а 161.242 лица се невработени.

Фото: Pexels