Невработеност од 17,3% во 2019 година

33

Стапката на невработеност во текот на минатата година достигна ниво од 17,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Активното население во земјава минатата година беше 964.014 лица, од кои вработени се 797.651, а 166.363 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57,2, додека стапката на вработеност е 47,3.

Фото: Pixabay