Невработеност од 17,5% во вториот квартал од годината

9

Стапката на невработеност во вториот квартал од оваа година изнесува 17,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Активното население во Република Македонија, во пресметковниот период, изнесува 962.463 лица, од кои вработени се 794.283, а 168.180 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57,1%, стапката на вработеност 47,1%.

Фото: Pixabay