Невработеност од 20,8% во третото тримесечје од оваа година

19

Фото: Pixabay

Стапката на невработеност во третото тримесечје од оваа година изнесува 20,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во овој период е 57%, додека стапката на вработеност е 45,1%.

Активното население во Македонија, во тој период, изнесува 958.770 лица, од кои 759.445 лица се вработени, а 199.325 се невработени.