Невработеност од 28,2% во второто тримесечје од 2014

34

Стапката на невработеност во Македонија, во второто тримесечје од оваа година, изнесува 28,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2014 година, стапката на невработеност во земјава беше на ниво од 28,4%.

Во овој период, активното население во Македонија брои 957.790 лица од кои вработени се 687.465, а 270.325 лица се невработени.

Стапката на активност во овој период е 57,3%, додека стапката на вработеност 41,1%.