Невработеноста во вториот квартал годинава се намалила

50

Според податоците што ги објави Државниот завод за статистика, во вториот квартал од годинава активното население во Македонија брои 942.420 лица од кои вработени се 648.200 или 68.8%, а 294.220 лица или 31,2% се невработени.

Бројот на невработените во вториот квартал во однос на првиот квартал е помал за 0,4%. Стапката на активност во второто тримесечие од годинава е 56,5, стапката на вработеност 38,3, а стапката на невработеност е 31,2.