
Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 63.6 %, а жени 36.4 %. Бројот на вработени лица бележи зголемување од 1 %. Од вкупниот број вработени, 57.7 % се мажи, а 42.3 % се жени.
Во второто тримесечје од 2026 година бројот на неформално вработените изнесува 101 022 лица, што претставува зголемување од 7.2 % во однос на претходното тримесечје. Порастот во најголема мера произлегува од зголемениот број неформално вработени во дејноста земјоделство, шумарство и рибарство, каде се евидентирани 51 487 лица, или 51.0 % од вкупната неформална вработеност. Во градежништвото се концентрирани дополнителни 17.2 % од неформално вработените. Ваквата структура укажува дека сезонските активности во овие две дејности имаат клучно влијание врз кварталните движења на неформалната вработеност.
• Активно население: 798. 718 лица
• Вработени: 708. 698 лица
• Невработени: 90. 020 лица
• Стапка на активност: 52.5
• Стапка на вработеност: 46.6
• Стапка на невработеност: 11.3











