Државниот завод за статистика објави дека стапката на невработеност во Македонија во првото тримесечје од годинава изнесува 29,9%. Стапката на невработеност во првиот кваратал од минатата година изнесувала 30,6%.
Според податоците бројот на невработени лица во земјава во овој квартал изнесува 284.823, од кои 61,4% се мажи, а 38,6% се жени.
Најголем дел од невработените се на возраст од 15 до 24 години – 53,5%, од 25 до 49 години се 28,3% и од 50 до 64 години се 24,8%.
Од невработените, 159.171 се со средно образование, 68.534 со основно, 40.183 со високо образование. Со незавршено основно образование се 10.566 лица, со вишо образование 3.936 и без образование се 2.433 лица.
Во првото тримесечје од 2013 година активното население во Република Македонија брои 953.780 лица.