Невработеноста во регионот во благ пад

51

nevrabotenostСтапката на невработеност во земјите од регионот, според податоците на локалните заводи за статистика е во благ пад, а во исто време е забележан раст на регистрираните вработени лица, пишува Seebiz.

Во БиХ во мај се регистрирани 547.393 невработени, што е за 0,4% помалку во однос на претходниот месец, а бројот на вработени се зголемил за 0,1%. Во Црна Гора е забележан раст на вработените за 5,1%, што се должи најмногу на сезонските вработувања на црногорското приморје. Стапката на невработеност во оваа земја од 12,97% паднала на 12,96%, а во Заводот за вработување се пријавени 30.080 невработени.

Во Србија стапката на вработеност е поголема за 2%, а невработеноста е намалена за 1,4%.

Во согласност со очекувањата, стапката на невработеност во Хрватска во јуни четврти месец по ред е во опаѓање. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во јуни била 18,6%, што е за еден постотен бод помалку за разлика од месец мај. Како и во Црна Гора, и во Хрватска намалувањето на стапката на невработеност се должи на сезонските вработувања. Сепак, според аналитичарите, со оглед на тоа дека изостанува опоравувањето во реалниот сектор, нема опоравување ниту на пазарот на труд, што го потврдува движењето на невработеноста и стапката на невработеност во однос на истиот период лани. Во јуни стапката на невработеност е поголема за 1,3 постотни бодови во споредба со јуни 2012 година, кога била 17,3%.