New York Times го зголеми профитот – компаниите го зголемуваат буџетот за рекламирање

92

Американскиот дневен весник New York Times (NYT), ги надмина очекувањата за добивката на квартално ниво, бидејќи приходите од рекламирање покажаа знаци на закрепнување. Зголемувањето на бројот на претплатници придонесе за раст на вредноста на акциите од 12%.

Финансиските последици од кризата предизвикана од пандемијата ги намалија приходите од реклами. Како што закрепнува економијата, компаниите го зголемуваат својот буџет за маркетинг активности, така што NYT бележи зголемување на продажбата на реклами од 66%, пренесува Ројтерс.

Директорот за финансии на NYT, Роланд Капуто, вели дека најголем дел од приходите доаѓаат од компании кои нудат технолошки и финансиски услуги. 

На крајот на кварталот, NYT имаше осум милиони претплатници, од кои 7,1 милиони го читаат дигиталното издание. Акциите на компанијата забележаа најголем скок во последната година и половина, со сегашна цена од 48,75 долари.

Фото: Pexels