NEWgenerator – иновативна мини пречистителна станица за отпадни води

2

8125-20160117-145426-newgenerator-728x400

Фото: University of South Florida

NEWgenerator е систем што функционира како мини пречистителна станица за отпадни води што генерира енергија, ѓубриво и прочистува вода од канализација, стои во соопштението на University of South Florida. Дизајниран е од тим инженери од Универзитетот во Јужна Флорида, а доби и двегодишен грант од 1,14 милиони долари од Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Со поврзување на постоечките тоалетни блокови системот, исто така, ја елиминира и потребата за поврзување на постројките со канализациски системи.

Отпадот прво се пренесува во био – реактор, каде што анаеробните микроорганизми ги разградуваат цврстите материи и произведуваат биогас, без употреба на хемикалии. Добиеното гориво (метан) може да се користи за готвење, греење или производство на електрична енергија.

Потоа, течниот отпад оди во друга комора, каде филтер со мека микроскопска мембрана ги отстранува бактериите, вирусите и сите останати цврсти честички. Водата што поминува низ дезинфекција со хлор, не е за пиење, но е доволно чиста да се користи за миење на тоалетите или за наводнување.

Азотот и фосфорот од финалниот цврст отпад може да се искористат како хранливи материи за ѓубрење на разни култури.

Системот е наменет за градот Дурбан во Јужна Африка каде ќе бидат инсталирани две различни верзии на NEWgenerator коишто ќе можат да ги користат 100, односно 1.000 корисници дневно.